ПЕРФОРМАНС ВО НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА 25 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА КОНЕСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со поетски перформанс со не толку познати дела на Блаже Конески, втемелувачот на современиот македонски јазик, денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје беа одбележани 25 години од неговата смрт.

Конески почина пред 25 години, на истиот ден кога НУБ го одбележува патрониот празник (Фото: СДК.МК)

Перформансот „Емоции – последна вечер“, во режија на професорката од Факултетот за драмски уметности Кренаре Невзати-Кери, е своевиден омаж за ликот и делото на Конески, кој почина пред 25 години, на истиот ден кога НУБ ги одбележува патрониот празник и 74 години од своето постоење.

Во перформансот учествуваа актерите Дејан Лилиќ и Филарета Атанасова и вокалот Александра Поповска. За перформансот се користени архивски материјали и фотографии од фондот „Блаже Конески“ при Архивот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).