ЏАСТИН БИБЕР ВЕЌЕ ГО НЕМА НАЈОМРАЗЕНОТО ВИДЕО НА ЈУТЈУБ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Џастин Бибер веќе го нема најомразеното видео на Јутјуб: оваа непосакувана титула сега му припаѓа на самиот Јутјуб.

„Јутјуб ривајнд 2018“, годишниот преглед на најпопуларните содржини на платформата, собра рекордни 10,3 милиони дислајкови во првите седум дена од објавувањето, заменувајќи го Бибер на дното. Спотот за песната „Бејби“ од 2010 неколку години важеше за најлошото нешто на Јутјуб, откако дури 9,9 корисници означија дека тој не им се допаѓа.

„На Џастин сигурно му олесна сега“, прокоментира еден корисник.

Видеото „Ривајнд“ беше на големо критикувано бидејќи не вклучи некои од најпопуларните јутјубери како Логан Пол и ПјуДајПај, но и затоа што игнорира значајни културни настани од интернет-светот.

„‘Ривајнд‘ треба да биде големо славење на јутјубери и на настаните кои ја обележаа платформата во годината што изминува и беше чест да те вклучат во него. Сега, тоа има за цел само да ги задоволи оние кои се рекламираат на Јутјуб“, изјави познатиот јутјубер Маркиз Брауни.