ЦВЕТНИТЕ САТЕНСКИ ЧЕВЛИ НА ПРИНС ДЕЛ ОД ЗБИРКАТА НА МУЗЕЈОТ „ВИКТОРИЈА И АЛБЕРТ“

Лондон, (АП)

Цветните сатенски чевли, кои ги носеше музичарот Принс се дел од колекцијата на британскиот музеј „Викторија и Алберт“ во Лондон. Музејот за уметност и дизајн вели дека „извонредно направените“ чевли ја илустрираат имагинарноста и вештината на Принс, кој почина лани на 57 години.

Чевлите имаат метални загради вметнати помеѓу петата и ѓонот, за да му помогнат во неговите енергични скокови. Чевлите се изложени во музејот, кој во својата колекција има костими од Елтон Џон, Мик Џегер и Битлси.

Џефри Марш, директор на колекцијата, вели: „Чевлите не ја претставуваат само посветеноста на еден од најголемите светски музичари, туку и го истакнува опсегот за дизајн и вештини кои се неопходни за големите сцени”.