Триесет и четири уметници од 13 држави ги креираа новите дизајни од снег и мраз за 29. верзија на Ледениот хотел во Лапонија, Финска. Хотелот беше отворен за посетители на 14 декември.
Тој се гради секоја година за период од 12 недели од октомври до декември и во април целосно се топи и претвора во река. Притоа се користат околу 2.500 тони мраз, што во март се собира од реката Торне и потоа до октомври останува складиран.
„Мојот леден апартман е инспириран од климатските промени и од прекумерното ловење риба, што ги погодува океаните“, вели еден од авторите, Џонатан Пол Грин.