Струшката подружница на Електростопанство на Македонија, ХЕЦ „Црн Дрим“, им подели новогодишни пакетчиња на учениците од посебната паралелка од основното училиште „Браќа Миладинови“ од Струга.
Децата притоа се дружеа со Дедо Мраз и со кловнот Анита.
„Ова е еден мал гест, со кој се обидовме да ги израдуваме овие ученици, но и да го свртиме вниманието кон нив, со цел да растат во подобра околина, полна со љубов. Ние како општествено-одговорна компанија се трудиме секогаш да излеземе во пресрет на заедницата, со посебен акцент на ранливите категории. Ова е само една во низата слични акции со кои се трудиме нашето место на живеење да го направиме поубаво и подобро“, изјавија од ХЕЦ „Црн Дрим“.