ХРАБРИ КРЕАЦИИ НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Храбрите и драматични креациии на најголемите холивудски ѕвезди го вратија сјајот на 76. Златни глобуси, за разлика од ланското доделување, кога речиси секој гостин носеше црно, во знак на протест за сексуалните малтретирања на работното место, што беше дел од движењето „Времето истече“.

Емили Блант, Глен Клоуз, Џанел Моунеј и Пенелопе Круз (Фото: Гети)

Годинашната свеченост ја обележаа класичните креации и фустани како од бајки, а најзабележителна беше Леди Гага. Пејачката и актерка, која имаше две номинации за улогата во „Ѕвезда е родена“, а доби Златен глобус за најдобра песна, носеше балска креација од „Валентино“, со која ѝ оддаде признание на Џуди Гарланд која глумеше во верзијата на „Ѕвезда е родена“ од 1954 година.

Екипата од светскиот блокбастер „Црниот Пантер“ (Фото: Гети)

Актерката и една од водителките на церемонијата, Сандра Оу и Клер Фој со нивните стајлинзи беа едни од ретките кои потсетија на златните времиња на Холивуд.

Никол Кидман, Алисон Џени и Ен Хатавеј (Фото: Гети)
Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас (Фото: Гети)
Ирина Шајк во „Версаче“ и Бредли Купер во „Гучи“ (Фото: Гети)
Сандра Оу во „Версаче“ (Фото: Гети)
Британскиот актер Идрис Елба со семејството (Фото: Гети)
Емили Блант и Џон Красински (Фото: Гети)
Шарлиз Терон во „Диор“ (Фото: Гети)
Британската глумица Клер Фој (Фото: Ен-Би-Си)