ПОЧНА КУМБХА МЕЛА, ИНДИСКИ ФЕСТИВАЛ НА КОЈ ДОАЃААТ 120 МИЛИОНИ ЛУЃЕ

Њу Делхи, (Гардијан)

Кумбха Мела важи за најголемиот собир на луѓе на светот, што се одржува на четири локации на секои 12 години, сега во северноиндискиот град Алахабад (неодамна преименуван во Прајаграџ).

Хиндусите веруваат дека на овој начин се прочистуваат од гревовите (Фото: АФП)

Од овој месец до март, организаторите очекуваат повеќе од 120 милиони аџии да се искапат во Сангам, сливот на светите реки Ганг, Јамуна и Сарасвати, а само на првиот ден во вторникот околу 22,5 милиони луѓе го направиле тоа. Врвот треба да биде достигнат на 4 февруари, кога се очекува околу 30 милиони луѓе да влезат во водите на денот што се смета за најсреќен.

Кумбха Мела трае 45 дена и хиндусите веруваат дека влегувањето во водата ќе ги прочисти од гревовите. За потребите на фестивалот е поставен камп со површина од 45 квадратни километри, а го обезбедуваат околу 30.000 полицајци.

(Фото: АФП)