ДУКОСКИ И БЛАГОЈЕВИЌ ЈА ПРОМОВИРААТ СВОЈАТА ПРВА ГРАФИЧКА НОВЕЛА „ЦРНАТА АУРОРА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Првата графичка новела на Ивица Дукоски (сценарио) и Владимир Благојевиќ (цртеж) ќе биде промовирана вечерва во „Цреша бар“ во Скопје, со почеток во 20 часот.

Насловена „Црната аурора“, тоа е хорор епопеја за темниот облак од ѕвездена прашина, што мистериозно се појавува над Скопје и никој нема објаснување за овој феномен, освен Ален Корбин, кој стравува дека Црната аурора е директно поврзана со неговите кошмари, се вели во кусата најава на новелата.

Ова е прва соработка на тандемот Дукоски-Благојевиќ со издавачката куќа „Стрип квадрат“, а двајцата автори претходно заедно го имаат направено научно-фантастичниот стрип серијал „Неонски ноќи“.

„Црната аурора“ вечерва ќе може да се купи по промотивна цена од 300 денари.