ЦРВЕНА, ПОГОЛЕМА И ПОСВЕТЛА – ЦЕЛОСНО ПОМРАЧУВАЊЕ И СУПЕРМЕСЕЧИНА ВО ЕДНО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Би-Би-Си)

Северна и Јужна Америка и големи делови на Европа ноќеска уживаа во феноменот наречен суперкрвава волчја месечина.

За време на небесниот спектакл, Месечината беше позиционирана невообичаено блиску до Земјата, па изгледаше поголема и посветла и доби црвена боја при целосното помрачување. А, бидејќи се случи во јануари, кога волците од глад завивале надвор од селата, таа народски е наречена волчја.

Тур, Франција (Фото: Гети)

Помрачувањето се случува кога Земјата поминува точно меѓу Месечината и Сонцето. Во таква ситуација, Сонцето е зад Земјата, па Месечината паѓа во нејзина сенка. Целиот процес траеше со часови, а врвот беше достигнат во 6.12 часот по македонско време, но феноменот овојпат не беше видлив во нашата земја.

Следното целосно помрачување на Месечината ќе се случи дури на 26 мај 2021 година.

Брисел (Фото: Ројтерс)
Полната месечина изгрева над планини во турската провинција Хакари (Фото: Гети)
Лос Анџелес (Фото: АП)
Мадрид (Фото: Ројтерс)