КРИС БРАУН ПРИТВОРЕН ВО ПАРИЗ СО ОБВИНЕНИЕ ЗА СИЛУВАЊЕ

Париз, (Ројтерс)

Американскиот пејач Крис Браун вчера бил притворен во Париз заедно со уште две лица поради сомневање за силување и прекршок со дрога, изјави француската полиција за „Ројтерс“. Браун во 2009 година ја претепа тогашната девојка Ријана, за што беше осуден на пет години затвор и една година задолжително советување.

Раперот е во притвор, откако 24-годишна девојка го обвини дека ја силувал во неговиот хотелски апартман во Париз минатата недела. Меѓу задржаните е и неговиот телохранител. Инспекторите имаат уште два дена да одлучат дали ќе го пуштат или ќе поднесат обвинение.

Според АП, девојката изјавила дека ги запознала Браун и неговите пријатели во клубот „Кристал“ во северозападен Париз, а потоа заедно заминале во хотел на плоштадот Конкорд во централен Париз.

Засега нема коментар од агентите на Браун од „Сони мјузик“.