ГАРДАТА НА ПАПАТА ДОБИ НОВИ ШЛЕМОВИ КОИ ПОМАЛКУ ПОТАТ

Ватикан, (Ројтерс)

Швајцарската гарда на Ватикан, миниармија која помага во заштита на папата, ќе има изладени глави, откако ги замени античките метални шлемови со нови, изработени со 3-Д печатење. Новите шлемови изработени од термопластика им беа дадени на војниците на 513-годишнината од основањето на гардата, соопшти Ватикан.

„Една од главните предности на новите шлемови е што нема да се загреваат како претходните, што значи дека војниците помалку ќе се потат“, изјави портпаролот Урс Бритенмосер.

Според швајцарските медиуми, старите шлемови биле изработени во Австрија и тежеле два килограми, додека новите, кои се швајцарски производ, имаат 570 грама.

Швајцарската гарда, која брои околу 110 мажи, носи свечени униформи со жолти, црвени и бели линии на официјални појавувања на папата, како при посети од државници.