ФЕСТИВАЛОТ НА СНЕГОТ ВО САПОРО СЕ ОТВОРИ СО НОВИ 190 СКУЛПТУРИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Сапоро, (Индипендент)

Јапонскиот град Сапоро го отвори својот Фестивал на снегот по 70. пат, кадешто можат да се видат околу 190 снежни и ледени скулптури. Организаторите очекуваат околу два милиони луѓе да го посетат фестивалот до неговото затворање на 11 февруари.

Јапонската тениска ѕвезда Наоми Осака (Фото: Гети)

Една од најпопуларните скулптури оваа година е онаа на јапонската тенисерка Наоми Осака, актуелната победничка на Ју-Ес опен и на Отвореното првенство на Австралија.

Хелсиншката катедрала осамна во Сапоро (Фото: Гети)

Со своја големина особено се издвојува скулптурата на катедралата во Хелсинки, направена во чест на 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Финска.

Меѓу скулптурите има и ликови од филмови, ТВ-серии и видеоигри, како и историски и виртуелни личности.