Картите за најголемиот музички и културен настан Златна Буба мара на популарноста вчера беа распродадени за само 90 минути, соопштија од Радио Буба Мара.
На онлајн сервисот за продажба на карти имало повеќе од 14.000 побарувања во минута. Организаторот вели дека ќе се обиде во текот на наредната недела да обезбеди уште една помала количина на карти.
Слоганот на годинашното 22. издание на Златна Буба мара на популарноста е „Од нас добивте 22 години, па кој ви има дадено повеќе?!“.
Настанот ќе биде на 21 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.