Најновиот дизајн на норвешкото архитектонско студио „Снехета“ е столица изработена од рециклирани мрежи, јажиња и челик, земени од локалните рибни компании.

Структурата на столицата „С-15000“ е целосно изработена од пластичен отпад, а рамката од регенериран челик. Изработена во соработка со производителот на мебел „Нордик комфорт продактс“ (НСП), столицата содржи рециклирани материјали од рибни стопанства во северна Норвешка, од кадешто излегуваат големи количества отпад. Овие фирми ја снабдуваат НСП со искористени мрежи, јажиња и цевки, кои останале по нивните акции.

„Наместо да користиме пластика од другата страна на светот, можноста да добиеме висококвалитетна рециклирана пластика од бизнисите во соседството создаде победоносна ситуација за нас“, изјави еден од архитектите на „Снехета“.