ДУХ ОД КОШМАРИ – ИСМЕАН ИЗГЛЕДОТ НА ВИЛ СМИТ ВО НОВИОТ „АЛАДИН“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

„Дизни“ конечно им ја исполни желбата на фановите и покажа како ќе изгледа Вил Смит во улогата на синиот дух во новата филмска верзија на „Аладин“, во режија на Гај Ричи. Трејлерот беше пуштен за време на доделувањето на музичките награди Греми и социјалните мрежи го исмеаја Смит, опишувајќи го како дух од кошмари.

„Јас да имав три желби, сите три ќе беа да не го гледам Вил Смит како духот“, напиша еден корисник на Твитер.

Вил Смит кажа дека во подготовките за оваа улога влегол во своите ликови од „Принцот од Бел Ер“ и „Лоши момци“. Гај Ричи, пак, изјави дека сакал духот да изгледа големо и застрашувачки, како „мускулест татко од 1970-ите“.

Премиерата на филмот е закажана за мај, а во насловната улога е египетско-канадскиот актер Мена Масуд.