РИЧАРД ГИР ДОБИ СИН ПРЕД ДА НАПОЛНИ 70 ГОДИНИ

Њујорк, (Дејли мејл)

Ричард Гир го доби второто дете, седум месеци пред да наполни 70 години.

Шпанскиот магазин „Хола“ објави дека неговата 36-годишна сопруга Алехандра Силва родила машко бебе пред неколку дена во Њујорк. Засега не е објавено како ќе му биде име.

Од бракот со Кери Лоуел, Гир го има 18-годишниот син Хомер Џејми. Алехандра, која потекнува од Шпанија, исто така има син од претходниот брак.

Гир и Силва се венчаа минатиот април на приватна граѓанска церемонија во Шпанија, а потоа го прославија тоа во неговиот дом во Њујорк. Тие се запознале во 2014 година во Италија, кадешто Алехандра во тоа време раководела со хотел.