Вечерва од 20 часот, во кафулето „Котур“ во центарот на Скопје ќе има ревија на кратки филмови на режисерот Игор Иванов-Изи.
Ќе бидат прикажани „Ќебето на Ацо Шопов“, „Часовникот“,„Бубачки“, „Верувам во љубовта“ и „Љубовникот“.
По проекцијата, публиката ќе има можност да му постави прашања на режисерот, кој ќе биде присутен на проекциите. Влезот е бесплатен.