Дваесет и петтиот филм за Џејмс Бонд повторно е одложен. Новото поглавје од славната филмска франшиза првично требаше премиерно да се прикаже на 8 ноември 2019, па се презакажа за 14 февруари 2020. „Ион продакшнс“ сега соопшти дека последното појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 ќе го видиме на 8 април 2020.
Новиот филм за Бонд досега претрпи повеќе турбуленции. Во ноември, режисерот Кери Фукунуага го замени Дени Бојл и го преработи неговото сцанерио, за кое се велеше дека имало за цел да предизвика несогласувања со продуцентите.
Фукунага е првиот Американец кој ќе режира филм од култната франшиза, а меѓу неговите последни проекти се филмовите „Џејн Ер“ и „Ѕверови без нација“ и сериите „Вистински детектив“ и „Манијак“.