„НЕТФЛИКС“ ГИ ОТКАЖА СИТЕ СЕРИИ ЗА ЛИКОВИ НА „МАРВЕЛ“

Њујорк, (Дедлајн)

„Нетфликс“ одлучи целосно да раскине со „Марвел“, откажувајќи ги и последните две серии за ликовите од овој стриповски универзум.

Компанијата објави дека „Панишер“ е откажана точно еден месец по пуштањето на втората сезона, додека претстојната, трета сезона на „Џесика Џонс“, исто така, ќе биде последна. Претходно, истата судбина ги снајде и „Дердевл“, „Ајрон Фист“ и „Лук Кејџ“.

„‘Панишер‘ нема да се врати со трета сезона на ‘Нетфликс‘. Исто така, одлучивме претстојната трета сезона на ‘Џесика Џонс“ да биде и последна. Му благодариме на ‘Марвел‘ за петте години плодна соработка“, соопшти „Нетфликс“.

„Џесика Џонс“ дебитираше во 2015 година, а последната сезона ќе се најде во понудата од 8 март.