Луксузната модна куќа „Барбери“ се извини откако на Лондонската модна недела промовираше дуксер со јамка околу вратот. Таа беше критикувана од еден од нејзините модели Лиз Кенеди, која на Инстаграм напиша дека „самоубиство не е мода“.
„Да не заборавиме и на ужасната историја на линчувањето“, додаде таа.
Шефот на „Барбери“, Марко Гобети, кажа дека длабоко жалат ако повредиле некого.
„Тоа беше нечувствително и ја признаваме нашата грешка“, изјави Гобети, додавајќи дека дизајнот бил инспириран од морнарска тема.
Контроверзниот дуксер беше дел од колекцијата за која модната куќа кажа дека е посветена на денешната бунтовна младина.
„Зошто некој би помислил дека ова е во ред, особено што е наменето за млади момчиња и девојки. Зарем не е доволно што низ светот се зголемува стапката на самоубиства“, кажа Кенеди, која исто така беше дел од ревијата.