Настапот на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски на Златна бубамара на популарноста, заедно со хоровите на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“ и на Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“, го одбележа вечерашното 22. по ред издание на манифестацијата.
Стефановски, придружуван од неговиот син Јан на тапани на македонската песна „Учи ме мајко“, им се заблагодари на неговата сопруга Гордана и на неговиот брат, драматургот Горан Стефановски, кои починаа во период од една година.
Почит кон легендарниот хрватски пејач Оливер Драгоевиќ оддаде хрватскиот пејач Петар Грашо, со неговиот евергрин „Цесарица“.
Публиката во ВИП арената „Борис Трајковски“ составена од политичари, уметници, актери, пејачи, спортисти како и изминитаве години ја забавува актерот Сашко Коцев, а се доделуваат награди за најдобрите во повеќе од 20 категории.
Ветеранот на македонската музичка сцена Мики Јовановски-Џафер ја доби наградата за трајни музички вредности, а композиторот Григор Копров доби награда за животно дело.
Фото: К. Попов