Леди Гага призна дека интимниот настап со Бредли Купер на Оскарите во неделата бил само шоу и дека двајцата добро знаеле што прават.
Неколку дена откако освои оскар за најдобра песна за „Плитко“, Гага гостуваше во шоуто на Џими Кимел и таму зборуваше за својот незаборавен настап со колегата од „Ѕвезда е родена“, за кој многумина кажаа дека бил преинтимен и преромантичен.
„Сето тоа беше глума. Луѓето видоа љубов и тоа е токму оние што ние сакавме тие да видат. ‘Плитко‘ е љубовна песна, ‘Ѕвезда е родена‘ е љубовна приказна. За нас беше многу важно да бидеме поврзани цело време. Кога пееш љубовна песна, сакаш луѓето така и да ја почувствуваат. Јас и Бредли сме уметници и мислам дека добро си ја завршивме работата“, изјави 32-годишната поп ѕвезда.
Освен што беше режисер и продуцент на филмот, Гага вели дека Купер организирал и секој момент од нивниот настап на Оскарите.
„Тој беше многу возбуден да види како Холивуд ќе реагира на него како пејач. И јас бев. Реакцијата на публиката сè кажа“, додаде Гага.