РУСКИОТ ПИЈАНИСТ ГУГНИН И ЧАЈКОВСКИ НА ВЕЧЕРАШНИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Пет става во дур“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија од 20 часот со Андреј Гугнин, еден од најдобрите руски пијанисти од новата генерација.

Повеќенаградуваниот Гугнин, кого критиката го оценува како пијанист со брилијантна техника, музичка сензитивност и драматична интерпретација, за македонската публика ќе го изведе елегичниот Концерт за пијано и оркестар бр.2 во А-дур од унгарскиот композитор Франц Лист.

Диригент е Даниел Рајскин од Русија, а ќе бидат изведени и „Марошек танците“ од Золтан Кодај, првпат во Македонија, и Третата симфонија од Петар Илич Чајковски насловена „Полска“, која е единствената негова симфонија со пет наместо вообичаените четири става, од каде доаѓа и насловот на концертот.