„ХАВАНА“ НА КАМИЛА КАБЕЛЈО Е НАЈПРОДАВАНАТА ПЕСНА ЗА 2018

Њујорк, (Форбс)

„Хавана“ на Камила Кабелјо е најпродаваниот сингл во 2018, според ИФПИ, организација која ја претставува музичката индустрија низ светот. Таа ги надмина хитовите на Дрејк и Ед Ширан, „Планот на Господ“ и „Фигура како тебе“, кои се најдоа на второто, односно третото место на листата.

Издадена во 2017 како водечка песна на дебитанскиот албум на 22-годишната кубанско-американска пејачка, таа стигна до првото место во 95 земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија. Во јуни, „Хавана“ стана најслушаната песна од една музичарка на „Спотифај“, со над 888 милиони стримања. Песната номинирана за Греми вкупно беше преслушана над 2,6 милијарди пати на сите платформи, а спотот има над 748 милиони прегледи на Јутјуб.