Барбара Палвин е првиот унгарски супермодел кој влезе во семејството на „Викторијас сикрет“.
Престижниот бренд за долна облека и официјално соопшти дека 25-годишната Палвин ги добива неговите крилја, заземајќи го местото на легендарната Адријана Лима, која се повлече во ноември минатата година.
Палвин била откриена во Будимпешта на 13-годишна возраст и нејзината кариера добила голем замав откако почнала да работи во Азија. На 17 години дебитираше на големата сцена на Миланската модна недела, а првиот настап на ревија на „Викторијас сикрет“ го имаше во 2012 и потоа повторно минатата година.
„Со ‘Викторијас сикрет‘ станав жена, многу силна, самоуверена жена. Ова ги надминува сите мои очекувања“, изјави Палвин.
Таа сега е еден од 14-те ангели на „Викторијас сикрет“.