ПРЕМИЕРА НА „ЈУНАЦИ ОД БАЈКИТЕ И ЦРВЕНКАПА“ ВО ТУРСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денес во 12 часот во Турскиот театар во Скопје (кој ја користи сцената на Театар Комедија), премиерно ќе се изведе претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа“.

Претставата од уметнички, технички и организационен аспект е реализирана од актерите на Турски театар.

Во претставата играат: Сузан Акбелге, Инес Радончиќ, Жале Османли, Емине Халил, Зиба Радониќ, Осман Али, Един Јакуповиќ, Џенап Самет, Фунда Ибрахим, Ријад Тахир и Неат Али.