ГУГЛ ЈА ЛАНСИРАШЕ СВОЈАТА ПЛАТФОРМА ЗА ВИДЕОИГРИ СТАДИЈА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Гугл ја претстави новата дигитална платформа за видеоигри наречена Стадија, која ќе се базира на стримување, место игрите да се даунлодираат или купуваат на диск. Таа ќе функционира на постојните компјутери, лаптопи, телевизори и мобилни телефони, кажаа од компанијата.

Гугл во исто време претстави и контролер, кој изгледа како традиционална конзола за видеоигри, но има копче за директно поврзување со Јутјуб. Една од првите достапни игри ќе биде „Doom Eternal“.

Засега не е објавена цената на Стадија, но таа ќе биде лансирана во текот на 2019 во САД, Канада, Велика Британија и Европа.

Компанијата вети дека нивниот сервис ќе понуди игри во 4К до 8К резолуција, што сегашните најнапредни конзоли не го поддржуваат.

Стотици милиони луѓе секој ден ги следат видеоигрите на Јутјуб и нашата визија е да ги доближиме тие светови. Со притискање на копчето ‘играј на Стадија‘, играта ќе може да почне да се игра за само неколку секунди“, изјави Фил Харисон, новоназначениот шеф на одделот за видеоигри на Гугл.