БРИТАНСКИ ФОТОГРАФ ПОМИНА ЕДЕН МЕСЕЦ СО ПОСЛЕДНИТЕ ГОЛЕМИ СЛОНОВИ НА АФРИКА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Гардијан)

Како остатоци на една одамна помината ера, последните големи слонови на Африка талкаат низ огромна, зафрлена дивина на Кенија.

Во соработка со невладината организација „Тсаво траст“ и Кениската служба за заштита на див свет, британскиот фотограф Вил Берард-Лукас помина еден месец снимајќи ги овие ретки животни. Неговата колекција интимни црно-бели портрети сега е објавена во книгата „Земја на џинови“.

Областа Тсаво во Кенија е дом на некои од последните големи слонови, чии бивни тежат по 45 килограми. Мажјак означен како ЛУ1 е една од главните ѕвезди во книгата и неговата поголема бивна има повеќе од 60 килограми.

Експертите веруваат дека се останати помалку од 20 вакви слонови и речиси половина од нив живеат во Тсаво.

(Фото: Вил Берард-Лукас)