Режисерот Кристофер Нолан го ангажираше актерот Џон Дејвид Вашингтон, син на оскаровецот Дензел Вашингтон, за новиот филм кој сѐ уште нема наслов, а треба да излезе в година во јули.

Вашингтон (35), инаку поранешен фудбалер, направи пробив во Холивуд со последниот филм на Спајк Ли, „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“, за кој беше номиниран за Златен глобус.

Нолан, автор на „Мементо“, трилогијата „Црниот витез“, „Зачеток“ и последно на „Данкирк“, го држи во тајност новиот филм. „Вараети“ објави дека извор од екипата го најавил филмот како „масивен, иновативен, акционен блокбастер“. Продукцијата ќе започне во текот на годината.