ДИЗНИЛЕНД ВО САД ЗАБРАНИ ПУШЕЊЕ И НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Компанијата „Волт Дизни“ од 1 мај ќе забрани пушење на стандардни и електронски цигари, како и внесување на големи колички во парковите Дизниленд во САД.

Рестрикциите се воведени бидејќи се очекува зголемена бројка туристи откако во текот на годинава ќе бидат отворени новите атракции инспирирани од „Војна на ѕвездите“ во Орландо, Флорида и во Анахајм, Калифорнија.

Компанијата соопшти дека ќе обезбеди посебни простори за пушење пред влезовите во парковите и во хотелите „Дизни“.

„Овие новости се со цел да им овозможиме што поголемо уживање и доживување на посетителите“, соопшти „Дизни“.