Популарната сценска кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во кореографија на Кан Арслан од Турција, ќе се изведе вечерва од 20 часот во Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, а ќе диригира Бисера Чадловска.
Оперски солисти ќе бидат Катерина Стојановска, Дејан Стоев и Горан Начевски, а балетски солисти се Марија Кичевска-Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне од Италија и Мирослав Митрашиновиќ. Ќе настапат Хорот, Оркестарот и балетскиот ансамбл.
Кантатата се базира на 23 песни од збирката средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во манастир во јужна Германија. Дел е од Орфовиот триптих кантати „Трионфи“, заедно со „Кармина Катули“ и „Трионофо ди Афродите“. Кантатата првпат била изведена на 8 јуни 1937 и веднаш имала голем успех.