КУБА ЌЕ РЕСТАВРИРА ИЛЈАДНИЦИ ДОКУМЕНТИ НА ХЕМИНГВЕЈ

Хавана, (Ројтерс)

Реставрациски центар за зачувување на делото на Ернест Хемингвеј деновиве се отвори во Куба, во соработка со САД.

Хемингвеј, добитник на Нобелова награда за литература во 1954, напишал некои од своите најголеми дела за време на 21-годишното живеење во Финча Вигија, на периферијата на Хавана.

(Фото: Ројтерс)

Хемингвеј дошол во Финча Вигија во 1939, а ја напуштил Куба во 1960, една година пред да се самоубие во Ајдахо на 61 година. Писателот оставил илјадници документи во Куба, од ракописи за некои од неговите романи, до писма, фотографии и недатирани книги.

Центарот е изграден од Националниот совет за културно наследство на Куба и од фондацијата „Финча вигија“ од САД, на имотот од шест хектари кадешто живеел Хемингвеј.

„Кога се спојуваме и соработуваме, создаваме позитивни и неверојатни работи“, рече американскиот конгресмен Џим Мекговерн на свеченото отворање.