Најбогатиот човек на светот Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи постигнаа договор за развод, според кој таа ќе добие рекордни 35 милијарди долари. Таа ќе задржи 25% од акциите на компанијата „Амазон“, чија вредност изнесува 35,6 милијарди долари.
Безос ја основа „Амазон“ во 1994, една година откако се венчаа и Мекензи беше една од првите вработени. Според „Форбс“, оваа зделка ќе ја направи Мекензи трета најбогата жена на светот, додека Безос останува најбогат човек воопшто.
Безос (55) и писателката Мекензи Татл се запознаа во 1992, се венчаа наредната година и заедно имаат четири деца.
„Амазон“ минатата година остварил продажби во вредност од 232,8 милијарди долари, што на Безос и на неговото семејство им донело богатство од 131 милијарда.