ПИСМА ОД НАПОЛЕОН ДО ЖОЗЕФИНА ПРОДАДЕНИ ЗА 513.000 ЕВРА

Париз, (Артдејли)

Три љубовни писма на Наполеон Бонапарта до неговата сопруга Жозефина, напишани меѓу 1796 и 1804 година, се продадoа за вкупна сума од 513.000 евра, соопшти аукциската куќа „Дроуот“.

На аукцијата со историски предмети се продаде и ретка „Енигма“ машина за дешифрирање, која била користена во нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Таа достигнала цена од 48.100 евра.

Предметите беа дел од големата распродажба од француската држава, кои беа запленети од пропаднатата фирма „Аристофил“. Претходните 14 аукции, кои беа одржани лани, донесоа 26,4 милиони евра.