Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Современа скулптура“, која по повеќегодишна пауза ја возобновува Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Ќе се изложат дела на Александар Ефтимовски, Александар Ивановски Карадаре, Ана Димевска-Семенпеева, Анѓел Димовски-Чауш, Ангел Коруновски, Андреј Митевски, Ангел Нацевски, Васил Василев, Гордана Хаџи Николова, Драган Попоски-Дада, Жарко Башески, Златко Бојковски, Илија Аџиевски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Љупчо Бојаров, Никола Смилков, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Симон Шемов, Слободан Милошески, Сокол Цварку, Соња Поповска-Трајковска и на Филип Фидановски.
Изложбата „Современа скулптура“ е под покровителство на семејството на академик Боро Митриќески, а наградата за скулптура, што ќе се додели на изложбата, го носи неговото име, велат од ДЛУМ.