Астрономите ја замолија јавноста да им помогне да изберат име за планета од нашиот Сончев систем која беше откриена во 2007 година. Оваа мала црвена планета се наоѓа зад Нептун и оттогаш е позната како (225088) 2007 ОР10.
Сега тројцата научници кои ја имаат откриено сакаат да ѝ дадат некое поубаво име, при што се понудени три опции: Гонггонг, Холе и Вили. Победничкото име и официјално ќе биде признато од Меѓународната унија на астрономи.
Гонггонг е кинески бог на води кој има црвена коса и опашка налик на змија. Тој е познат по тоа што предизвикува хаос и поплави и ја поместува Земјата. Холе е европска божица на плодноста и повторното раѓање, која со еден потег на раката може да создаде снег, додека Вили е храбро скандинавско божество кое го победило џинот Имир и го употребило неговото тело за да го создаде универзумот. Астрономите ги избрале токму овие божества бидејќи се поврзани со црвена боја.
Гласањето е отворено до 10 мај.