15. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ СЕ ЗАТВОРА СО КИНЕСКАТА ПРЕТСТАВА НА РИСИМКИН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со претставата на кореографката Рисима Рисимкин „Секвенци – Минато; Сегашност; Иднина“ на Танцовиот театар во Конзерваториумот за музика Жијан од Кина, вечерва се затвора јубилejниот 15. Танц фест Скопје. Претставата ќе се изведе од 20 часот во Македонскиот народен театар.

Во претставата учествуваат петнаесет млади танчaри, музиката е на композиторот Тони Китановски, а костимите се на кинеската костимографка Бинг Ксиjанџи.

„‘Секвенци‘ е приказ на идејата за физичкото тело поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчарите, создадовме слики за минатото, денешнината и иднината. Телото како фокус на истражувањето низ времето. Интегриран колектив, како рефлексија на социјалните состојби, слики. Физички аспект на танцот низ различни временски рамки. Проекција на физичкото преку идеите за мисловното и духовното“, вели Рисимкин, која е уметнички директор на Танц фест Скопје.