Утре во 19 часот, во Уметничката галерија во Тетово ќе се отвори изложбата „Будимпештански приказни“, како дел од манифестацијата „Унгарски недели во Северна Македонија“, во организација на Унгарската амбасада и Дирекцијата за култура и уметност Скопје.
Изложбата содржи дела од познатите унгарски фотографи Имре Кински и Ото Кајзер.
„Еден град. Навидум камења и луѓе. Но, зад играта на светлата и сенките има ситни раскази. Сликите на двајцата фотографи ги бришат податоците за годините и ги маскираат местата на настаните. Сликите на Имре Кински направени на почетокот на 20. век и скоро 100 години подоцнежните фотографии на Ото Кајзер ги раскажуваат речиси истите приказни“, стои во најавата на изложбата.
З. АНДОНОВ