ВИЕ СТЕ ПРИМЕР ЗА МИРЕН СОЖИВОТ, КАЖА ПАПАТА ФРАЊО ПРИ ИСТОРИСКАТА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
epa07552967 Faithful welcome Pope Francis in 'Square Macedonia' in Skopje, North Macedonia, 07 May 2019. Pope Francis is visiting North Macedonia on 07 May 2019 his 29th Apostolic Journey abroad. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Папата Фрањо испрати пораки за мир и соживот и ја величеше етничката и верска разновидност на Македонија, кога денеска стана првиот поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил земјата. Освен со државниот врв, папата се сретна и со обичните граѓани на улиците на Скопје и одржа литургија на плоштад Македонија.

(Фото: Влада)
  • Папата Фрањо пристигна на скопскиот аеродром во утринските часови и притоа беше пречекан од претседателот на заминување Ѓорге Иванов и од премиерот Зоран Заев.
  • Иванов беше домаќин на средбата на државниот врв и папата во претседателската резиденција на Водно.
  • „Македонија е пример за мирен соживот и мост меѓу истокот и западот. Се надевам дека оваа интеграција ќе се развие на таков начин што од неа корист ќе има целиот регион на Западен Балкан“, изјави папата при средбата со Иванов.
  • Тој потоа ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза, каде што се помоли, се сретна со претставници на верските заедници во Македонија и ги ислуша пораките на граѓаните од ранливи категории.
  • Централен настан беше литургијата што папата Фрањо ја одржа на плоштад Македонија пред неколку илјади верници, од кои некои беа дојдени од странство.
  • „Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг. Гладни сме за добрина и солидарност. Како затвореници на виртуелноста, ги загубивме вкусот и мирисот на реалноста“, се дел од пораките на папата Фрањо.
(Фото: Влада)
(Фото: Влада)
(Фото: Влада)
(Фото: К. Попов)