Поп пејачката Тамара Тодевска денеска ја имаше првата тонска проба за настапот на Евровизија, која од 14 до 18 мај ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Во креација на македонскиот дизајнер со светска кариера Александар Ношпал, Тамара ја изведе песната „Горда“ (Proud). Таа ќе настапи на втората полуфинална вечер на 16 мај, а придружни вокали ќе ѝ бидат Антонија Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, со текст на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.

(Фото: ЕБУ)

Тамара досега трипати беше на изборот на најдобра песна во Европа. Во 2008 во Белград настапи заедно со Адријан Гаџа и Врчак, а двапати учествуваше и како придружен вокал, прво на Тоше Проески во Турција во 2004, па во 2014 во Данска, кога беше на сцената со сестра ѝ Тијана.

(Фото: ЕБУ)