СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈА ПРИ ФОН ПО 11. ПАТ ГИ ИЗЛОЖУВААТ СВОИТЕ ДЕЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Годишната изложба на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Универзитетот ФОН ќе се отвори вечерва во 20 часот во Младински културен центар во Скопје.

На изложбата, која ќе може да се види до 29 мај, ќе бидат претставени дела од студентите од прв и втор циклус студии од сите три области на Факултетот – графички дизајн, мултимедија и моден дизајн.

Оваа изложба се одржува 11. година по ред и ги покажува студентските достигнувања во дизајнот како уметничка област. Ќе бидат изложени голем број идејни решенија, што биле реализирани низ студиската програма за дизајн и мултимедија во академската 2018/2019 година, при што се опфатени графички производи, мода и медиуми.