Брендот за облека „Сенскомон“ од Токио соработуваше со текстилната компанија „Учино“ за да направи колекција користејќи активен јаглен.
Колекцијата „На пат“ е составена од минималистички парчиња, како маица, шорцеви, кошула, наметка, мантил и панталони. Тие ја следат линијата на човечкото тело, а имаат и џебови и метални детали.
Облеката е изработена со помош на технологија за активен јаглен, развиена од „Учино“, при што јагленот од дабови дрвја се меле во прашок и се спојува со смеса од памук и вискоза, пред да се стави на ткаење. Во процесот не се користени никакви хемикалии, велат од брендот.
„Поради нејзините прочистувачки својства, карактеристични за јагленот и бидејќи ја регулира телесната температура, колекцијата е совршена за дневни патувања, долги или кратки“, велат од „Сенскомон“.