ЛАНСИРАН НОВИОТ ТЕМАТСКИ ПАРК „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Анахајм, (АП)

„Војна на ѕвездите: на работ на галаксијата“ се наоѓа на истото земјиште со Дизниленд, но ги носи посетителите во еден сосема поинаков свет. Новиот тематски парк официјално ќе се отвори утре, но вчера им беше покажан на медиумите и на најбрзите фанови кои си резервираа билети, а дојдоа и најголемите ѕвезди од универзумот на „Војна на ѕвездите“, како креаторот Џорџ Лукас и актерите Харисон Форд, Марк Хамил и Били Ди Вилијамс.

(Фото: АП)

Директорите од „Дизни“ кажаа дека им требале повеќе од пет години да ја развијат и завршат новата атракција.

„За време на целиот процес ги имавме на ум обожавателите. Затоа и ги поканивме да ни се придружат на отворањето на оваа планета“, рече Скот Троубриџ од „Дизни“.

Џорџ Лукас, Били Ди Вилијамс, Марк Хамил, директорот на „Дизни“ Боб Ајгер и Харисон Форд (Фото: АП)

„На работ на галаксијата“ е авантура низ планетата Бату, далечен свет во новата трилогија. Гостите можат да градат свои дроиди, ракуваат со светлосни мечови и да комуницираат со вонземјани. Можат да влезат и во пилотската кабина на Милениум фалкон, реплика на вселенскиот брод од филмот, кој е подолг од 30 метри.

(Фото: АП)

Дизниленд лани беше втор најпопуларен тематски парк во светот, со 18,6 милиони посетители. На првото место е Дизниворлд во Флорида, кадешто на 29 август ќе се отвори речиси идентична верзија на „На работ на галаксијата“.

(Фото: АП)
(Фото: АП)
(Фото: АП)
(Фото: АП)