Четириесет и седмото издание на Мајските оперски вечери завршува вечерва (20 часот) со изведбата на Вердиевата „Аида“ во Националната опера и балет (НОБ).
Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија. Ќе диригира Диан Чобанов од Бугарија.
Во главните улоги ќе настапат Русинките Олга Романко како Аида и Ирина Долженко како Амнерис. Во улогата на Радамес ќе биде првенецот Ѓорѓи Цуцковски, додека во улогата на Амонасро ќе настапи Анџело Веча, гостинот од Италија. Улогата на Фараонот ќе ја пее Александар Стефаноски, а на Рамфис – Владимир Саздовски.