Речиси 700 луѓе од цел свет во костими парадираа низ апартманите на францускиот крал Луј 14 во неговиот дворец Версај во Париз. Целта на костимираниот бал во барокното здание е да ги прикаже богатството и моќта на кралот на Сонцето, кој најдолго владеел. Луј 14 е роден во 1638, станал крал на четири години и останал на тронот до смртта во 1715.
Годинава темата беше „Марија Антоанета и модата“, а гостите потрошија по стотици евра за изнајмување на раскошните костими.
Билетите чинеа од 150 до 510 евра, а најскапите билети вклучуваа пристап до целата палата и приватен концерт во собата на кралицата.
„Дојдоа луѓе од цел свет, од Далечен Исток, Русија, цела Европа, САД, Австралија. Тука ја доживеаја нивната ноќ од соништата, бидејќи не постои поубава палата од Версај. Ги отворивме сите соби од палатата, дури и Салата со огледала, каде можеа да танцуваат. Тоа беше божествено за нив“, вели директорот Лоран Брунер.