Ливерпул синоќа по шести пат стана европски првак и пехарот денеска попладне стигнува во градот на „Битлс“, кадешто се очекува сите да излезат на улиците за да ги поздрават шампионите.
По примањето на медалите и пехарот, играчите на Ливерпул прво ја поделија радоста со своите најблиски, кои се спуштија на теренот на стадионот на Атлетико Мадрид.