ИКЕА и исландскиот уметник Олафур Елијасон развиваат мали домашни соларни панели кои можат да послужат како ламба, лустер или полнач за помали електронски уреди, како лаптоп и мобилен телефон.
Сè уште во фаза на прототип, „Sammanlankad“ се состои од сет од соларни панели и држачи кои имаат големина на човечка дланка и можат да се држат обесени на прозор додека има дневна светлина. Елијасон се надева дека собирањето на сончевата енергија дома ќе ги поттикне луѓето да го преиспитаат своето користење на енергија.
„Генерално, сите знаеме што е одржливост, но како да почнеме да делуваме? Уметноста има способност да ги инспирира луѓето и да им даде сила да кажат ‘нема да бидам само потрошувач, туку и копроизводител, сакам сам нешто да преземам, макар и на микроскопско ниво‘“, вели Елијасон.
„Sammanlankad“ треба да се појави во супермаркетите на ИКЕА во 2021 година. Тој би можел да биде извор на енергија во области кои не се поврзани на електрична мрежа или во кои има прекини во снабдувањето.