„ИКЕА“ кажа дека нивните муштерии оваа година ќе плаќаат повеќе кога ќе пазаруваат во нивните продавници.

Како и многу други компании, и најголемиот продавач на мебел на светот се мачи да ги апсорбира повисоките трошоци кои произлегоа од постојните глобални проблеми во снабдувањето. „ИКЕА“ соопшти дека цените во нејзините продавници ќе се зголемат за просечни 9% низ светот, со цел да се надоместат значителните трошоци за транспорт и суровини.

Со своите едноставни форми и филозофија „состави сам“, „ИКЕА“ стана синоним за ниски цени, успевајќи да ги одржи стабилни дури и за време на пандемијата. Но, како што цените на стоките и транспортот продолжија да растат, компанијата вели дека веќе не е во можност да ја апсорбира штетата.

„За жал, за првпат откако повисоките трошоци почнаа да влијаат врз глобалната економија, мораме да пренесеме дел од тие трошоци на нашите муштерии“, соопшти „ИКЕА“.