КИЈАНУ РИВС ЌЕ БИДЕ ЛИК ВО ВИДЕОИГРАТА „САЈБЕРПАНК 2077“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Кијану Ривс уште еднаш го потврди статусот на еден од најкул ликовите во Холивуд, откако беше објавено дека тој ќе се појави во видеоиграта „Сајберпанк 2077“, што ќе излезе наредната година.

Тоа како да не беше доволно возбудливо, Ривс ги изненади присутните појавувајќи се на сцената за време на големата прес-конференција на „Мајкрософт“, што се одржа на конвенцијата „Е3“ во Лос Анџелес. Притоа беше прикажан и трејлер за видеоиграта, која првпат беше најавена лани, а ќе се појави на пазарот на 16 април 2020. Засега нема повеќе информации за ликот што ќе го игра Ривс, ѕвездата на серијалите „Матрикс“ и „Џон Вик“.

Дејството на видеоиграта е сместено во американската метропола Најт Сити и играчот ќе биде во улога на платеник.