САД преку своите одбранбени операции создаваат повеќе штетни гасови кои ја загреваат планетата од некои индустриски развиени држави, како Португалија и Шведска, се вели во извештајот на Универзитетот Браун од Провиденс.
Пентагон во 2017 година ослободил околу 59 метрички тони јаглерод диоксид и други гасови, што е поголемо количество од емисијата на некои помали држави.
„Да беше држава, Пентагон ќе беше 55. најголем загадувач на светот. Само на користењето и распоредувањето на трупите и оружјето отпаѓаат 70% од неговата севкупна потрошувачка на енергија. Држави како Шведска и Португалија имаат помала годишна емисија на штетни гасови“, вели Нета Крофорд, авторот на студијата.
Кина е најголемиот светски загадувач со јаглерод диоксид, следена од САД.